Зајакнување на млади преку нови можности

СОС Детско село, од 2016 година, успешно придонесува за зголемување на вработливоста кај младите лица во социјален ризик. Оваа акција е тесно поврзана со мисијата на организацијата Ниту едно дете не треба да расте само, бидејќи невработеноста и сиромаштијата се едни од клучните фактори кои придонесуваат децата да ја загубат грижата од своите семејства.

По успешната реализација на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади, СОС Детско село продолжува да делува во полето на зајакнување на млади во социјален ризик во рамките на една поширока регионална иницијатива.

Проектот се спроведува од:

СОС Детски села во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и

Србија

Донатори:

БМЗ- Федерално Министерство за економска соработка и развој- Германија

Херман Гмајнеr Фонд Германија

Времетраење на проектот:

2019 –2022

Цел на проектот: Зајакнување на 1,600 млади во ризик во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија кои ќе имаат подобрени можности за вработување и активно учество на пазарот на труд

Целни групи:

  • 1,600 млади во социјален ризик на возраст од 16 до 35 години во Северна Македонија, Албанија, Босна и Хецеговина, Косово и Србија, кои се социјално исклучени, со низок приход и  немаат можност самостојно да го подобрат својот економски статус.

 

  • 230 претставници на министерствата за труд и социјална политика, агенциите за вработување, општините и граѓанските организации.

Индиректна целна група: 3,500 млади во социјален ризик кои ќе бидат опфатени преку мерките кои ќе ги преземат актерите зајакнати преку проектот.

Досега преку проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ постигнавме:

    • 1,742 млади лица во социјален ризик успешно ги завршија обуките за животни вештини и вработливост и посетуваа сесии на кариерно советување;
    • 793 млади лица пронајдоа одржлив работен анганжман со времетраење од најмалку 6 месеци;
    • 653 млади лица вклучени во проектот посетуваа практиканство или кратокраен престој во компанија заради запознавање со работно место ( job shadowing)
    • Обучени се 249 професионалци за применување на сертифицирана методологија за зајакнување на млади во социјален ризик (обуки за животни вештини, вработливост и кариерно советување)
    • Со финансиска поддршка обезбедена во рамките на проектот 507 млади лица ги зајакнаа нивните компетенции преку посетување стручно образование, обуки или сертифицирани професионални курсеви;
    • 66 млади лица успешно ги завршија обуките за претприемништво, а 30 од нив започнаа сопствен мал бизнис со менторска и финансиска поддршка обезбедени во рамките на проектот;
    • Зајакнати се капацитетите на 15 локални организации во обезбедувањето на поддршка за млади лица во социјален ризик;
    • Поддржана е работата на 5 локални младински иницијативи;
    • Одржани се 70 вебинари на теми од интерес и грижа на младите;
    • Организирани се голем број на дополнителни активности кои придонесоа повеќе од 3,500 млади лица во социјален ризик како индиректна целна група да имаат корист од имплементацијата на проектот.
    • Во секоја од петте држави во кои се реализираше проектот во консултативен процес со младите лица беше изготвен документ за јавни политики за подобрена социо-економска интеграција на младите во социјален ризик и истиот беше јавно презентиран пред засегнатите страни;